Балкан
12. May 2016 - 14:35

Ердоган: ЕУ е лицемерна

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини денеска Европската унија за „лицемерност“ поради инсистирањето Анкара да ги прилагоди своите анти-терористички закони во занема за безвизен режим.

– ЕУ вели – ублажете го својот пристап кон терористичките организации, изјави Ердоган, алудирајќи на борбите на Турција со бунтовници на Работничката партија на Курдистан.

– Неможно е да се сфати како тие (ЕУ) може да бидат демократи и како може да веруваат во демократија, изјави Ердоган. – Тие мислат дека имаат право да се борат со тероризам, но сметаат дека за нас тоа е луксуз и дека тоа е неприфатливо. Дозволете ми да кажам дека тоа се вика лицемерие, нагласи Ердоган.

Договорот меѓу Анкара и ЕУ не е мртов поради тоа што Анкара одби да ги промени своите анти-терористички закони за кои се укажува дека се користат за прогон на дисиденти, соопшти ЕК.