Ердоган: Анкара ќе го поддржи влезот на Шведска во НАТО доколку ЕУ повторно ги отвори преговорите со Турција
Анкара ќе го поддржи членството на Шведска во НАТО доколку Европската унија (ЕУ) повторно ги отвори преговорите за членство на Турција во ЕУ, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Прво, да го отвориме патот за Турција да влезе во ЕУ, а потоа ќе го отвориме патот за Шведска, како што направивме за Финска“, им рече Ердоган на новинарите пред годишниот самит на НАТО во Вилнус.
Преговорите меѓу Турција и ЕУ се во застој веќе неколку години.
Турција поднесе барање за членство во Европската економска заедница во 1987 година и во Европската унија во 1999 година, но преговорите за пристапување во ЕУ, кои започнаа во 2005 година, беа погодени од голем број тешки проблеми и недостиг на ентузијазам од клучните земји на ЕУ.
Ердоган денеска повтори дека турското зелено светло за влез на Шведска во Атлантската алијанса зависи „од постигнувањето на точките содржани во трипартитниот договор“ потпишан минатата година на самитот на НАТО во Мадрид меѓу Турција, Шведска и Финска.
Претседателот на Турција и шведскиот премиер Улф Кристерсон денеска ќе се сретнат на завршните преговори за членство на Шведска во НАТО, пред самитот на Алијансата во главниот град на Литванија.
Состанокот, организиран од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, треба, како што се надева, да овозможи укинување на ветото на Турција што го блокира влезот на Шведска во Атлантската алијанса од мај 2022 година.
Турскиот претседател ја блокира кандидатурата на Шведска, обвинувајќи го Стокхолм дека ги засолнува турските опозиционери и курдските активисти од движењата кои Анкара ги смета за „терористички“.
Заедно со Унгарија, Турција е единствената од 31 земја на НАТО која сè уште го нема ратификувано членството на Шведска. Унгарија рече дека ќе даде согласност доколку Турција го стори тоа.
Ново на Сител
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор
-
Странски кардиохирурзи и кардиолози ќе ги проверуваат наводите на Сашко Кедев
-
Жените жртви на семејно насилство не добиваат соодветна заштита од институциите, вели ДЗР
-
Прочистување на судско-обвинителскиот систем после локалните избори
-
Мицкоски: Гласачкото ливче на локалните може да биде долго и 7-8 метри
-
Лукровски презентираше план за Карпош
-
Герасимовски најави нова мобилна гаража во Капиштец со 290 паркинг места
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во Драчево со капацитет за 75 деца