Епископот г. Партениј посака благословена четириесетница и меѓусебно простување
Ден пред почетокот на велигденските пости, епископoт Антаниски г. Партениј, игумен на Свештената бигорска Обител, денеска упати порака со која посака благословен пост и добра четириесетница.
- Светиот и велик четириесетдневен пост е најстариот и најстрог пост во нашата света православна Црква. Неопходно е, христијаните за време на постот да се трудат во сите добродетели, пожртвувано да се даваат себе си за другите. Треба да се украсиме со најубавата добродетел - љубовта, која произлегува од верата и која ќе трае вечно, истакнува владиката.
Додава дека „не можеме да постиме доколку не се помириме и не им простиме на сите, особено на оние на кои ни е тешко да им простиме, зашто тука е подвигот на христијанската љубов“.
- Простете им на оние кои заслужуваат и на оние кои ти мислат лошо, нека осетат во душата и срцето како е да се биде човек, порачува владиката Партениј.
Во Бигорскиот манастир, каде по традиција, денеска престојуваат голем број верници, ќе се одржи вечерна богослужба за Прочка, која ќе заврши со Великопосната молитва на Свети Ефрем Сирин, која е проследена со големи поклони, како и со меѓусебното простување на верниците и монасите.
Ново на Сител
-
Доделени „Оскарите“, најдобaр филм е „Анора"
-
Прв лет Амстердам - Скопје по 12 години
-
Почнува Велигденскиот пост
-
Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски на унгарско-македонски владин самит во Унгарија
-
ССМ ќе достави предлог за минимална плата од 500 евра
-
САД ги суспендираат кибер операциите против Русија како дел од напорите за подобрување на односите
-
Зеленски: Ќе поднесам оставка под услов Украина да влезе во НАТО
-
Брнабиќ: Нема да има контрамитинг во Белград на 15 март