-->
-->
ЕП ракомет 2020: Чешка незгоден и редовен ривал на македонските ракометари
-->
Денешниот противник на Македонија на Европското првенство во Виена е селекцијата на Чешка, против која македонскиот национален тим ќе го игра 15.тиот натпревар или 5.ти на Европско од вкупно шест наши учества. Немаме играно само на ЕП во Полска 2016 против Чесите. Првите меѓусебни дуели почнаа со позитивни резултати на Чешка, кога го имаме и забележано и најтешкиот пораз на ЕП 1998 година во италијански Болцано (18:38).
Некако сите дуели на ЕП ни се решавачко значење (исто и денешниот) кога играме со Чешка. Во Ниш со победа од 27:21 изборивме втора фаза, а слично беше и во Хернинг кога на крајот беше 24:24. По овие дуели се радувавме ние, додека пред две години во Вараждин загубивме минимално 24:25, а притоа не искористивме и седмерец за изедначување.
Билансот на постигнати голови е 407:373 во корист на Чешка.
Натпреварот Македонија - Чешка е прв од денешната програма во Виенер Стадхале и почнува во 16 часот, а потоа се игра дуелот меѓу Австрија и Украина.
Меѓусебни дуели Македонија - Чешка
1 27.09.95 ЧЕШКА - МАКЕДОНИЈА 33:16 Чеб
2 30.09.95 МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 27:27 Ресен
3 04.06.98 МАКЕДОНИЈА - ЧЕШКА 18:38 Болцано
4 18.01.06 МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 36:31 Скопје
5 21.01.06 ЧЕШКА - МАКЕДОНИЈА 43:25 Плзен
6 19.01.12 МАКЕДОНИЈА - ЧЕШКА 27:21 Ниш
7 14.01.14 МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 24:24 Хернинг
8 02.11.14 ЧЕШКА - МАКЕДОНИЈА 27:27 Злин
9 14.06.15 МАКЕДОНИЈА - ЧЕШКА 32:28 Скопје БТ
10 11.06.16 ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА 28:22 Злин
11 15.06.16 МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 34:27 Скопје БТ
12 05.11.16 ЧЕШКА - МАКЕДОНИЈА 35:28 Плзен
13 18.06.17 МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 33:20 Скопје БТ
14 23.01.18 МАКЕДОНИЈА - ЧЕШКА 24:25 Вараждин
15 12.01.20 МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА ?:? Виена
Од Виена
Марјан Ников
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ се изедначи со Рафаел Надал по бројот на победи на ниво на АТП 1000
-
Лишени од слобода две лица поради предизвикување пожари во Прилеп и Ресен
-
Почина Џорџ Форман
-
Во Битола контроли во угостителски локали и кафе барови
-
Активен пожар во Дрисла, вчера вкупно 28, а месецов 484
-
Собрани 51.822.579 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани
-
Герасимовски: Испекциски контроли за безбедност во објектите во Центар
-
Општина Аеродром изврши контроли на над сто угостителски објекти, ќе се проверуваат и станбените згради