Ракомет
27. January 2016 - 18:46

ЕП Полска 2016: Манасков: Се разбудивме доцна

Денешниот натпревар со Белорусија левото крило Дејан Манасков го играше само во вториот дел и во тие 30 минути имаше четири голови. Во микс зоната Манасков изјави:

- Првиот дел мислам дека во глобала солидно го одигравме, далеку од добро. Но на почетокот на вториот дел видовте што се случи, јас не знам најдобро дека бев на терен. Поведоа со 5-6 разлика успеавме да стигнеме откако се „разбудивме“ во последните 15 минути но немавме пресврт и противниците победија. Имаме време за анализа и има кој да направи анализа.

Од Краков, Марјан Ников