-->
-->
ЕП Полска 2016: Георгиевски: Со две победи да го завршиме шампионатот
-->
Одличното издание на Норвешка во дуелот со домаќинот Полска ги мобилизираше сите во нашиот табор и со цел шампионатот да се заврши со победа подготовката е детална.
Десното крило Гоце Гоергиевски пред денешниот тренинг изјави:
- Четирите бода од првата фаза Норвежаните ги потврдија со победата над Полска. Ние знаеме за каква репрезентација гледавме натпревари на Норвешка. Тоа е млада репрезентација со квалитетни поединци, а нема лесни противници на Европското првенство. Ние ќе одиме и утре на победа и на дуелот со Белорусија и со две победи да го завршиме шампионатот и да поправиме впечатокот.
На Норвешка и одговара побрза игра. Даваат „лесни“ голови од полуконтри, крилата шутираат од мали агли, тоа е збир на квалитетни поединци и треба добро да се подготвиме за тој дуел.
Од Краков, Марјан Ников
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал