ЕП без Теодосиќ
Најдобриот српски кошаркар, еден од најдобрите европски играчи, Милош Теодосиќ, нема да настапи на престојното Европско првенство.
Повредата на листот на десната нога, поради која ги пропушти речиси комплетните подготвки на српскиот национален тим, не може да биде санирана до почетокот на ЕП, поради што Теодосиќ во консултација со селекторот и медицинскиот тим на репрезентацијата и неговиот нов тим ЛА Клиперс, реши да го откаже својот настап.
„За жал хроничната повреда која го мачи Тео не му дозволува да биде максимално подготвен за ЕП. Тоа е проценка на нашиот медицински тим, но и на луѓето од ЛА Клиперс. Мораме да се грижиме за здравјето на играчите и заеднички ја донесовме одлуката да не игра на ЕП. Тој со години максимално му е посветен на националниот тим и сега имаше желба да игра, но некогаш желбата не е доволна. Ова е голем хендикеп за тимот, но ние продолжуваме со истите амбиции“, изјавил Александар Ѓорѓевиќ, селекторот на Србија.
Неиграњето на теодосиќ е уште еден удар за Србија, која претходно остана без Никола Јокиќ од Денвер, кој реши да го пропушти ЕП и Мирослав Радуљица, кој нема да игра на ЕП поради повреда на коленото.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар
-
Ќе се откаже ли државата од придонесите за повисок минималец?
-
Инвесторите во ТИР зоните имаат потреба од стручен кадар
-
Најава за разрешување на одборот пред главната карневалска ноќ во Струмица
-
Како дел од карневалските празнувања за „Прочка“ во Прилеп прикажан обичајот „Амкање“
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво