ЕП бара од УКИП и партнерите да вратат 172.000 евра
Лидерите на Европскиот парламент и порачаа денеска на Партијата за независност на Обединетото Кралство (УКИП) на Најџел Фараж и неговите европски партнери дека до 21 декември мораат да вратат повеќе од 172.000 евра, кои ги злоупотребиле од фондовите на ЕУ.
Во писмото, испратено на адесата на Алијансата за директна демократија во Европа (АДДЕ), во која УКИП е најистакнат член, лидерите на ЕП тврдат дека неадекватно се потрошени 500.615 евра.
Тие наведоа дека 172.655 евра мора да бидат вратени, како и дека нема да бидат проследени 248.345 евра кои беа претходно ветени од ЕУ грантовите.
Претседателот на УКИП, Најџел Фараж минатата недела бурно реагираше на обвинението дека партијата злоупотребувала пари на ЕУ.
- Го очекувавме ова со години, истакна Фараж.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска