Фудбал
22. јуни 2016 - 15:32

EП: Австрија и Ирска „бркаат“ победи

Резултатите од последното коло во групите Ц и Д промовираа уште три селекции во осминафиналисти на Европското првенство во фудбал. Нокаут фаза изборија Словачка, Северна Ирска и Унгарија, додека Турција го чека расплетот од последното коло во групите Е и Ф.
 
Осминафинале како први и втори во своите групи досега изборија Франција и Швајцарија (Група А), Велс и Англија (Група Б), Германија и Полска (Група Ц), Хрватска и Шпанија (Група Д) и Италија (Група Е).
 
Селекцијата на Унгарија, благодарение на резултаите од третото коло во групите Ц и Д се пласира во осминафиналето, а последните две средби во Ф групата, во кои ќе играат Унгарија-Португалија и Исланд-Австрија ќе го одредат од која позиција на табелата Унгарците ќе одат во нокаут фазата.
 
Во среда осминафинале би можеле да изборат Белгија доколку не загуби од Шведска, Шведска доколку ја победи Белгија, Португалија доколку не загуби од Унгарија, односно Исланд доколку не биде поразен од Австрија.
 
Покрај Шведска, единствено победа во нокаут фазата ги носи Ирците од Е групата и Австријците од групата Ф.
 
Расплет чека и Турција како една од најдобрите третопласирани селекции. Турците по победата над Чешка (2-0), имаат три бода и гол разлика 2:4.
 
Од првенството веќе се елиминирани Романија, Русија, Украина и Чешка.
 
На Европското првенство, во среда, ќе заврши првата фаза со мечевите кои ќе се одиграат во групите Е и Ф. Од 18 часот ќе играат Португалија-Унгарија во Ф групата, а од 21 часот во Е групата ќе се сретнат Италија-Република Ирска и Шведска-Белгија.