Loading Video...
Фудбал
11. July 2021 - 19:55

ЕП 2020: Италија и Англија во битка за пехарот на УЕФА

Вечерва во 21ч на Вембли се игра големото финале на ЕП, во кое за признанието најдобар на стариот континент ќе се борат Англија и Италија, селекции кои зад себе имаат 90-годишно ривалство но вкупно само еден трофеј европски првак. 
Италија или Англија тоа е прашањето на кое одговор бараат љубителите на фудбалот во Европа но и пошироко.  Во едно сите се согласуваат дека овие две селекции прикажаа најмногу досега на првенството и заслужено ќе играат за титулата.  Англија доминираше до дуелот во полуфиналето со Данска каде го прими единствениот гол досега на првенството.  Италија уште поубедлива. Ако се заборави второто полувреме со Австрија тогаш аѕурите мора да бидат презадоволни од прикажаното и постигнатото. Оваа селекција нема пораз од септември 2018-тата година или вкупно 33 средби по ред. Манчини  покажа дека неговиот тим е одлично тактички подготвен и нема да му пречи што игра на Вембли каде Англија ќе има голема поддршка. 
Да потсетиме дека Италија има еден трофеј  од три учества во финалето додека Англија се бори за првиот пехар на стариот континент. На големите натпреварувања фудбалерите од апенинскиот полуостров имаат четири победи на исто толку средби од една на пенали. 
Гордиот Албион поради домашниот терен и прикажаната игра е во улога на фаворит но тоа е само на хартија. На теренот ќе се води голема битка и на физички и на тактички план. Можно е да одлучуваат и пеналите.  Возбудувањето е на врвот  и за тоа говорат снимките од Лондон каде во текот на целиот ден е присутна прекрасна атмосфера. Навивачите на домашната селекција очигледно се во транс и веруваат конечно сонот ќе им се исполни и нивната селекција конечно ќе ја освои европската титула. Останува да видиме што велат италијанците.