-->
-->
EП 2016: Познати носителите на групите
-->
Откако во вторникот беше комплетирана листата на учесници на Европското првенство во фудбал, УЕФА објави во кои ‘шешири’, репрезентациите ќе бидат на извлекувањето на групите, кое на 12.декември ќе се одржи во Париз.
Носители на жрепката покрај домаќинот Франција ќе бидат уште Германија, Шпанија, Англија, Португалија и Белгија.
Во вториот ‘шешир’ ќе бидат: Италија, Русија, Швајцарија, Австрија, Хрватска и Украина, во третиот ‘шешир’ се Чешка, Шведска, Полска, Романија, Словачка и Унгарија, додека во четвртиот се Турција, Република Ирска, Исланд, Велс, Албанија и Северна Ирска.
По четири репрезентации ќе партиципираат во секоја од шестте групи, а пласман во нокаут фазата ќе изборат првите две селекции од секоја група, односно најдобри четири третопласирани репрезентации.
Европското првенство ќе се одржи во Франција од 10.јуни до 10.јули 2016 година, а домаќини ќе бидат Стад де Франс и Парк на Принцовите (Париз), Велодром (Марсеј), Стад де Лумерес (Лион), Пјер Моро (Лил), Бордо, Жофри Жисар (Сент Етиен), Алијанц Ривиера (Ница), Болер Делелис (Ланс) и Мунисипал (Тулуз).
Полуфиналните средби ќе се играат во Лион и Марсеј, а финалето на Стад де Франс во Париз.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Затворска казна за возач во Бугарија фатен со 3,04 промили алкохол
-
Дисциплинска постапка за двајцата лекари кои физички се пресметале во Клиничката болница - Штип
-
Во Скопје пронајдена дрога кај две млади лица
-
Мицкоски: Наместо за нешто друго, сега државата ќе враќа 50 милиони евра за нечии хирови
-
Пратеник од Западна Австралија го смени своето име во Оси Трамп
-
Познатата глумица Блејк Лајвли повторно обвинета за клевета
-
Русија и Украина извршија напади врз воени аеродроми
-
Барак: Планот на Трамп за Газа е „фантазија“