Свет
1. September 2022 - 10:07

„Енергоатом“: Исклучен еден од двата оперативни реактора во АЕЦ Запорожје

Еден од двата оперативни реактори на нуклеарната централа Запорожје е исклучен поради руско гранатирање, соопшти украинскиот оператор „Енергоатом“, пренесоа британските медиуми.    

„Поради уште еден минофрлачки напад на руските сили врз нуклеарната централа Запорожје, активиран е системот за итна заштита, а петтата единица е исклучена“, соопшти „Енергоатом“  на социјалната мрежа Телеграм. Операторот додаде дека блокот шест продолжува да работи и ја снабдува нуклеарната централа со електрична енергија за сопствените потреби.