-->
-->
Енергетски ефикасна детската градинка во Македонска Каменица
-->
Со реализацијата на проектот за реконструкција на детската градинка „Бамби“ во Македонска Каменица, објектот ќе штеди до 30 проценти енергија, истакна денеска директорката на детската градинка Весна Јованова.
- Комплетно е завршена реконструкцијата на градинката која опфаќа спуштање на плафоните на градинката, замена на столарија, инсталирање штедливи лед светилки, уредени се ѕидовите, а поставени се и сончеви колектори, рече Јованова.
Проектот беше финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка, преку Фармахем, како и Општина Македонска Каменица.
Градоначалникот Дарко Митевски истакна дека Општината ги помага овие проекти, бидејќи целта е, како што рече, јавните институции да придонесат во заштедата на енергијата.
- Финансиската поддршка на Швајцарската агенција изнесува 700 илјади денари, додека општината од буџетот финансираше 300 илјади денари. Проектот е целосно завршен и се надевам дека сите корисници на услугите во градинката ќе бидат задоволни и ќе ги користат придобивките од оваа реконструкција, рече Митевски.
Во детската градинка Бамби згрижени се 150 дечиња.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите