Македонија
30. November 2022 - 12:16

Енергетската криза го зголеми инвестициите во обновливи извори

Излезот од енергетската криза е во обновливите извори на енергија сметаат добите познавачи. 

Општините се во грч од високите сметки за струја. Од почетокот на годината, па досега, сметките им се различни, во зависност од цената на струјата на светските пазари, односно од она што им го нудат добавувачите на електрична енергија. 

За поефтина струја Општините од Југозападниот регион најавија дека се поголем е интересот за поставување на фотоволтаични системи во училиштата,градинките и јавните објекти во 7 општини ќе се интервенира на 13 објекти.

Обновливите извори на енергија, како ветер, вода, за тоа како подобро да се искористи сончевата енергија, ќе ја намали енергетската зависност. 

Изминативе пет години Центарот за развој на Југозападниот плански регион реконструираше 50-тина објекти, а бенефитот е заштеда на електрична и топлинска енергија за 30%.