ЕМА потврди дека има поврзаност помеѓу вакцината на „АстраЗенека“ и згрутчувањето на крвта
Европската агенција за лекови, ЕМА, потврди дека постои поврзаност помеѓу вакцината на Астра Зенека и згрутчувањето на крвта, јави дописничката на МИА од Брисел.
ЕМА меѓутоа смета дека оваа последица е многу ретка и бенефитите и натаму се поголеми од ризиците. За експертите од Агенцијата мора да продолжи вакцинацијата со сите расположливи вакцини затоа што тие спречуваат тешка форма на болеста и хоспитализација.
Агенцијата ќе ги информира сите здравствени работници како да ги детектираат знаците на згрутчување на крвта кај пациентите, а предупредувањата во упатството за АстраЗенека ќе бидат актуализирани и ќе го содржат згрутчувањето на крвта како можна последица од оваа вакцина.
-По продлабочена студија комитетот за фармаковигилентност на ЕМА заклучи дека невообичаено згрутчување на крвта по вакцинирањето со АстраЗенека треба да биде вклучено како можен нус ефект, изјави Имер Кук, претседателка на Европската агенција за лекови.
За сега начинот на кој се случува оваа реакција не е јасен, една од можните причини е дека се случува имунолошка реакција слична на таа што се случува кај пациенти третирани со хепарин.
Ризикот од тромбоза по АстраЗенека може да се случи до две недели по вакцинирањето, а можни знаци се краток здив, тешкотии со дишење, болка во вратот, главоболка и заматен вид, меѓу другото.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава