Свет
22. November 2021 - 15:19

ЕМА ја оценува употребата на вакцината Џонсон и Џонсон како засилувачка доза

Телото за надзор на лекови во ЕУ соопшти дека ја проценува апликацијата на „Џонсон и Џонсон“ за употреба на вакцината на компанијата против Ковид-19 како засилувачка доза, што може да се користи кај лица постари од 18 години.

„Комитетот за лекови за хумана употреба при ЕМА (ЦХМП) ќе спроведе забрзана за оценка на податоците обезбедени од компанијата што ја продава вакцината“, соопшти Европската агенција за лекови, додавајќи дека резултатот се очекува „за неколку недели“.