Џет-Сет
17. January 2017 - 15:24

Елвис Присли е жив?

Во домот на кралот на рокенролот Елвис Присли во градот Мемфис, минатата недела се одржа собир на неговите обожаватели со кој беше одбележан денот на неговото раѓање.

Собирот веројатно ќе поминеше без помпа и посебно внимание, доколку на социјалните мрежи не се појаваше фотографија од собирот на која се гледа повозрасен човек со бела брада, за кого некои љубители не теориите на заговор сметаат дека е лично Елвис Присли.

Тие ваквата теза ја базираат на тврдењето дека до „човекот со брада“ секогаш стојат телохранители, кои внимателно го следат секој негов чекор. 

Ова не е првпат да се тврди дека кралот на рокенролот е „жив и здрав“ и дека ја исценирал својата смрт во 1977 година, но овие фотографии привлекоа најголемо внимание досега затоа што, како што тврдат поддржувачите на оваа теорија, човекот на сликата „наликува онака како што би изгледал денес Елвис доколку беше жив“.

Доколку беше жив, Елвис Присел сега ќе имаше 82 години.