ЕЛЕМ: Испустот на вода во Црн Дрим е на минимално ниво
За да помогне во случајот со рибниот фонд во Студенчишко блато и недоволното количество на вода и кислород во водата во каналот, АД ЕЛЕМ му понуди на Хидробиолошкиот завод во Охрид да обезбеди потопни пумпи кои ЕЛЕМ ќе ги позајми на заводот, со цел да се обезбеди поголемо вртење на водата и обезбедување кислород на загрозената локација, бидејќи во моментот заводот не располагал со доволно пумпи за таа намена, информираат од компанијата.
– АД Елем како имател на водостопанска дозвола, го одржува нивото на Охридското Езеро во дозволените рамки, односно нивото во моментов е 17 сантиметри над долната граница според дозволата, односно 10 сантиметри според мерната скала на Хидрометеоролошки завод, информираат од Државните елелктрани на Македонија, велат од ЕЛЕМ во врска со проблемот со загрозувањето на плашицата во Студенчишки канал.
Испустот на вода преку регулацискиот отвор од Охридското Езеро во реката Црн Дрим, додаваат, е на минимално ниво, кое е потребно да се обезбеди вода за живиот свет во реката, која во моментов е на ниво пониско од просечното во овој период од годината.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта