„Елефтерос Типос“: Дрога, проституција и шверц во Идомени
Грчкиот весник „Елефтерос Типос“ објави репортажа за импровизираниот бегалски камп во Идомени, во која истакнува дека во него се множат криминални групи кои се обидуваат да заработат пари со искористување на сиромашните и беспомошни бегалци.
Според информации на весникот, како што јави дописникот на МИА од Атина, покрај трговијата со луѓе, шверцот на цигари и лекови, кои до неодамна биле најчести илегални активности, сега е придодадена и проституцијата.
- Во продажбата на дрога превласт имаат мароканските и туниските групи, за шверцот се одговорни Сиријците, а за трговија со бегалци авганистанските и пакистанските мигранти. Во „мапата“ на криминалот од неодамна влезе и проституцијата, во која главни протагонисти се Мароканците и Ирачаните, кои искористуваат беспомошни бегалки и имигрантки кои сами живеат во Идомени, пишува весникот.
„Сигурни извори“ за весникот изјавиле дека се работи за жени кои во меѓувреме ги загубиле своите сопрузи или тие останале дома, или пак мажот успеал да замине за Европа пред да се затворат границите.
Според, наводно сигурни информации, во Идомени постојат два бордели. Како бордел се користат еден напуштен вагон и една соба во зграда, во кои сиромашните жени на „клиентите“ им наплаќаат од пет до 10 евра за сексуални услуги.
„Елефтерос Типос“ нагласува дека полицијата, наводно, има информации за се што се случува во Идомени, но нема наредба да интервенира, поради „посебната тактика“ да нема полициски операции кои можат да предизвикаат инциденти.
Весникот наведува дека показател за ваквиот став е фактот што железничката пруга е затворена веќе два месеци, а во областа има околу 25 полицајци и три одреди кои имаат дискретен став.
Ново на Сител
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово