Кошарка
3. November 2017 - 10:21

ЕЛ: Прв пораз за Реал Мадрид

Кошаркарите на Реал Мадрид синоќа во натпревар од 5.коло од Евролигата го претрпеа првиот пораз откако загубија од Химки со 80:86.
 
Гостите од Русија имаа предност во текот на целиот натпшревар,а најдобар на теренот беше Алексеј Швед, кој постигна 20 поени. Сега двата тима по пет дуели имаат скор 4-1 (победи-порази), а единствено без пораз е Олимпијакос по четири одиграни натпревари.
 
На другите дуели одиграни синоќа гостинска победа постигна Бамберг против Црвена Звезда 75:69, а триумфи дома остварија: Фенербахче против Валенсија (79:66), Басконија против Панатинаикос (85:84) и Макаби Тел Авив против Милано (79:66).
 
Вечерва се играат три дуели од оваа рунда:
ЦСКА Москва - Жалгирис,
Ефес Анадолу - Уникаха и
Барселона - Олимпијакос.