-->
-->
„Ел Класико“ заврши без победник
-->
Нерешено 1:1 заврши големото дерби на шпанскиот фудбал одиграно вечерва на „Камп Ноу“ пред нешто помалку од 100 илјади гледачи.
Од ремито позадоволен треба да биде лидерот на табелата Реал Мадрид, бидејќи до последната 90.минута домаќините имаа со голот на Луис Суарез постигнат во 53.минута. Бод на мадридскиот тим му донесе Серхио Рамос кој искористи една нафрлена топка од Лука Модриќ и со глава го совлада голманот на Каталонците, Тер Штеген.
Општ е впечатокот дека од 173. дуел на големите ривали се очекуваше многу повеќе, посебно во првото полувреме кое помина речиси без посериозни шанси за гол.
По нерешениот исход разликата меѓу двете екипи кои се најголеми претенденти за титулата во Примера остана шест бода. Реал и натаму е без пораз и по 14 одиграни натпревари оваа сезона кој е лидер на табелата со 34 бода, додека Барселона е втора со 28 бода.
На отворањето на 14.коло од Примера, Гранада ја совлада Севиља со 2:1.
Вечерва играат Легањес – Виљареал и Атлетико Мадрид – Еспањол.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?