Еквадор прогласи вонредна состојба - Населението во паника
Претседателот на Еквадор Рафаел Кореа прогласи синоќа вонредна состојба поради засилената активност на вулканот Котопакси, јави ТАСС.
- Во последните неколку часа се засили вулканската активност, вчера тој исфрлаше пепел... а од денеска изутрина од вулканот почнаа да излегува смеса од вулкански гасови, пепел и камења, рече синоќа Кореа.
Прогласувањето вонредна состојба им дава поголеми можности на властите да ги мобилизираат финансиските ресурски во случаи на ерупција.
Кореа рече дека се евакуирани жители од неколку населени места до вулканот, кој се наоѓа на околу 70 км јужно од Кито.
Меѓународниот аеродром „Котопакси“ е времено затворен.
Котопакси е еден од највисоките активни вулкани во светот и е популарен меѓу туристите. Последен пат тој еруптираше вп 1940 година.
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори