„Експрес“: Косовски функционери добиваат и по шест плати
Додека половина од граѓаните на Косово се невработени, има и такви кои се „поспособни“ и држат по две, три, па дури и по шест работни места, нвведува приштинскиот весник „Експрес“, додавајќи дека станува збор за министри, заменици министри, пратеници и други високи државни функционери.
Како што јави дописникот на МИА, според Агенцијата за борба против корупцијата, од пријавите за приходи произлегува дека некои високи функционери извршуваат или држат по две и повеќе функции.
Без оглед на големиот број на вакви лица, оваа појава од законски аспект не претстваува кривично дело, но може да биде извор на конфликт на интереси, смета весникот.
- Од извештајот на Агенцијата се гледа дека 1.552 лица на високи јавни функции држат повеќе од едно работно место. Со две работни места се 1.184 функционери, со три 321 фукционер, а со четири работни места се 35. Но, тоа не е се. Косовците се покажува дека се спосони да обавуваат и по пет и шест работни места, наведува „Експрес“.
Извори во Агенцијата за борба против корупција потврдиле дека најмалку осум функционери држат пет, додека четворица функционери дури шест работни места.
На оваа појава пред три години алармираше и тогашниот претседател на косовскиот Парламент Јакуп Красниќи, кој беше против тоа едно лице да има повеќе работни места.
- Какви Супермени се тие кои имаат по пет работни места истовремено. Тие секојдневно го кршат законот и никој не ги спречува во тоа, изјави Красниќи.
Ново на Сител
-
Бура од прашина во Ново Мексико, отежнато патувањето по автопатиштата
-
Вучевиќ: Испратено е барање до ФБИ и до ФСБ за истрага за употреба на звучен топ на протестот во саботата
-
ДПА: ЕУ денеска го објавува планот за спротивставување на Русија
-
Шорц со дабл-дабл ефект му донесе победа на Париз над Милан
-
Мората: Одлуката да го напуштам Атлетико беше погрешна
-
Поминаа 72 часа и нема нови починати од тие што ја преживеаја трагедијата во Кочани, изјави Таравари
-
Организацијата на Ѓоковиќ со тужба до АТП, ВТА, ИТФ и ИТИА
-
Индија би можела да биде домаќин на италијанскиот Суперкуп