Loading Video...
Балкан
3. March 2023 - 16:31

Експлозија во судот во Подгорица - Загина лицето кое активираше бомба?

Бомба експлодираше на влезот на Основниот суд во Подогорица. Загина 40 годишен  жител на Подгорица кој ја активирал експлозивната  направа, а во инцидентот биле повредени 7 луѓе. Експлозијата се случила во просторот меѓу двете стаклени врати на влезот во зградата околу 12 часот напладне . Во тој момент во судот имало многу луѓе. Бомбашот од претходно и бил познат на полицијата, бил осуден за напад на полициски службеник.

Во 11:35 часот добивме известување дека во зградата на Основниот суд е активирана експлозивна направа и дека има повредени лица. Утврдиле дека починал М.Б. (40) кој ја активирал експлозивната направа . го истражуваме неговиот мотив. - изјави Срѓа Кораќ од Криминалистичката полиција, .

 Меѓу повредените има адвокат, вработени и судски странки. Тие се во стабилна состојба соопштија здравствените власти.  По експлозијата, судот бил евакуиран. Денешниот инциденет само ја потврди слабата  безбедност на судовите истакна претседателката на Основиот суд во Подгорица.

Полицијата  во Подгорица информираше  и  дека  открила кој стои зад рачно напишната порака  за  поставена бомба во Собранието на Црна Гора, која  обезбедувањето ја најде пред зградата во вторникот на 28 февруари. Зградата веднаш била евакурина,  а тој ден во Собранието бил и претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.  

Сите ќе ве разнесам. заканувачката белешка  ја напишало и ја оставило  десетгодишно дете кое ден претходно  било во собраниската зграда со својот  татко. Според полицијата, момчето решило да се пошегува додека неговиот татко завршувал обврски.