Свет
28. September 2021 - 9:50

Експлозија во Шведска: Дваесет и пет луѓе пренесени во болница

– Околу 25 лица рано утрово се пренесени в болница по експлозија во станбена зграда во шведскиот град Гетеборг, објавија локалните медиуми.

Шведската полиција на својата веб-страница објави дека започнала со евакуација на луѓето кои живеат во таа област.

Полицијата соопшти дека отворила истрага за инцидентот, иако засега нема осомничени.

Службите за итна помош соопштија дека работат на евакуација на станарите и гаснење на пожарот во зградата.

– Зафатени се неколку станови и скалите во зградата. Во моментов не е познато што ја предизвикало експлозијата, соопштија итните служби за пошироката област на Гетеборг.