Балкан
29. January 2018 - 10:30

Експлозија во фабрика за оружје во Црна Гора, има повредени

Во фабриката за оружје „Тара“ во Мојковци дојде до експлозија во која две лица се потешко повредени.

Неофицијано, повредените работници со хеликоптери ќе бидат пренесени во Клиничкиот центар во Подгорица, информираат црногорските медиуми.

Засега не се познати причините за експлозијата.