Свет
1. July 2020 - 11:24

Експлозија во електрана во Индија, загинаа пет работници

При експлозија во електрана во јужниот дел на Индија загинаа најмалку пет работници, а 15 се повредени, соопшти полицијата.

– Повредените се веднаш хоспитализирани во државата Тамил Наду, истакна полицискиот претставник Суреш Канан, додавајќи дека е во тек истрага за причината за експлозијата.

На местото на инцидентот веднаш биле испратени пожарникарски служби и спасувачки екипи.

Електраната се наоѓа во Нејвели, во округот Кудалоре, и има околу 2.000 вработени.

Ова е втора експлозија за два месеца во истата електрана.