Свет
5. December 2022 - 10:53

Експлозија на руски аеродром, има загинати и повредени | ВИДЕО

Три лица загинаа, а девет се повредени откако цистерна со гориво експлодира на руски аеродром.

 

Експлозијата се случила во близина на градот Разан, југоисточно од Москва, јавува Ројтерс повикувајќи се на новинската агенција РИА Новости.

Во експлозијата е оштетен и еден авион. Истрагата е во тек.