Експертите предупредуваат на погрешно користење антибиотици
Експертите предупредуваат дека супербактериите најдени кај лугето, животните и во храната низ Европската Унија претставуваат алармантна опасност за јавното здравје бидејќи имаат развиено отпорност на најчесто користените антибиотици.
Во ЕУ годишно од таквите бактерии умираат околу 25.000 луѓе, се наведува во извештај за отпорноста кон бактериите на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).
- Отпорноста на бактериите е загрижувачка закана којашто го доведува во опасност здравјето на луѓето и животните. Мораме да бидеме побрзи, посилни и да делуваме „на неколку фронта“, нагласи еврокомесарот за здравје и безбедност на храната Витенис Андриукаитис.
Отпорноста на лековите е предизвикана со погрешно и прекумерно користење антибиотици, што ги поттикнува бактериите да се менуваат и да создават нови начини да се борат против нив за да преживеат, се вели во извештајот.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место