Македонија
6. October 2022 - 12:22

Експертите апелираат: Сега е време да се крои земјоделската стратегија за идната година

Стратегијата за новата земјоделска сезона треба да се прави сега, пред почетокот на расадо производството, а не во март кога почнува бербата на првите количини од раните култури, сметаат експертите. Според професорот Душан Спасов од Земјоделскиот факултет при УГД Гоце Делчев, преку поинтензивна комуникација помеѓу сите чинители вклучени во целиот синџир многу полесно може да се дојде до решенија за голем дел од проблемите кои се повторуваат скоро секоја сезона.

Професорот Спасов смета дека во иднина ,во процесот на земјоделското производство мора да се вклучат и општините. Според него, нелогично е тие да немаат речиси никакви ингеренции во овој сектор кој опфаќа значаен процент од економијата на секоја општина.

Освен поголема активност на општините, за успешни земјоделски политики потребно е и зајакнување на врската помеѓу институциите, производителите и науката која во моментов и не функционира најдобро, вели професорот Спасов. Во спротивно, бројот на земјоделци ќе се намалува, а необработените површини ќе се зголемуваат.