Македонија
18. March 2023 - 19:40

Експертите алармираат, издавањето на Охридското Езеро под концесија е спротивно на барањата од Унеско

Издавањето на Охридското Езеро под концесија за стопански риболов спротивно на препораките на Унеско. Експертите сметаат дека ваквата одлука е контрадикторна и се коси со стратешкиот план за рехабилитација на охридскиот регион кој го изготвија македонската и албанската страна во него стои дека се забранува риболов на еднемичните видиови риби кои се на раб на исчезнување.

„На четириесеттата страна на овој документ јасно стои дека треба да има целосна забрана за риболов на Охридското Езеро до моментот кога ние ќе имаме податоци дека рибниот фонд не даде гаранција дека немаме проблем за најважните видови риби – ендемичните. Од другата страна пред една недела Министерството за земјоделство го дава под концесија Охридското Езеро“, вели Аријан Мероли истражувач и експерт за заштитени подрачја.  

Согласно договорот доколку концесионерот се придржува на лимитираните квоти за шест години ќе има загуба од околу 2 милиони евра.

„И според стандардните цени кои ги има сега на пазарот овие риби ние правевме анализа која покажа максимум може да заработи во текот на 6 години е 1.900 000 евра. А според условите на концесија треба да има 12 чувари, кајчиња, менаџер на финасии плус 30 кајчиња и 60 рибари и според минималните цени на овие трошоци чини 3,7 милиони евра“, појаснува Мероли.

Охридското Езеро нема концесионер од јануари 2020 година, независно од противењето на невладините, рибарските здруженија и екологистите, Охридското Езеро по пат на јавно наддавање е доделен на стопанисување на струшка  фирма, на времетраење од шест години.