Бизнис
29. јуни 2022 - 20:07

Експерти - во Македонија царува корупција во урбанизмот

Урбанистички хаос  владее во државата. Профитот кој го носи градежниот бизнис надвладеа над хуманите услови за живеење. Се издаваат одобренија за градба,  преку ноќ се носат ДУПОВИ, се  кршат закони, а  никој не  одговара. Надлежните констатираа висока корупција во урбанизмот и градежништвото, каде преовладува силното политичко влијание, а  Јавното Обвинителство не реагира.

Поради бизнис интереси на мала група луѓе, често се задира во јавниот интерес на граѓаните. Тоа е поврзано  со политичка елита, веќе подолго време ги има заробено и парализирано институциите на системот, и се добива впечаток дека ситсемот постои во интерес на мала група луќе, изјави Катица Николвска, член на Државна Комисија за спречување на корупција 

Ако не се гради на секој чекор, општините  ќе немаат пари да им исплатат плати на своите вработени, велат од ЗЕЛС. Со ваквиот став не се согласуваат  од Антикорупциска.  Постојат други начини да се наполни буџетот., куманалиите не треба да бидат единствениот извор на  финансирање на општините.  

 Општините немаат пари. Ако не издадат дозвола, нема да можат да им исплатат плати на вработените. Затоа се под притисок и издаваат дозволи. Ајде да им обезбедиме повеќе пари, ќе видите дека состојбата ќе се смени, изјави  Душица Перишиќ, извршна директорка на ЗЕЛС.

Јас не се согласувам дека општините немаат пари. Видете ги градоначалниците. Сите се луксузираат и возат скапи коли, изјави Билјана Ивановска, претседател на ДКСК

Хаосот има и поради малиот број инспектори, кои не излегуваат на терен

  • Каде се инспекторите да ја вратат пешачката патека на кејот на Вардат? Зошто не излезат на терен и да ги казнат кафичите од кои не може да се помине. Очигледно слушаат наредби од својот претпоставен, Тоа и тоа како е корупција, додаде Ивановска

Изградени згради без паркинг место, без соодветен надзор од инспекторите, без никакво  зеленило, како паркинг просторот спроти Холидеј ИН,  дивогрдаби кои никој не ги урива – како платформата на МАТКА, се само дел од  примерите каде во интерес на инвеститорот се загрозува интегриторот на граѓаните да живеат во хумани услови. Досегашните бројки на решени предмети се поразителни.  89 препораки од Антокорупциска се уште не се спроведени, односно  нема рзарешница, а одговор има само на 20% , или на 20 тина предмети.