Македонија
30. March 2024 - 16:36

Експерти: Секогаш има сомнежи за злоупотреба на ЕУ фондови, клучна е соработката со институциите

Сомнежите за измами на европски пари за земјава не се реткост, но клучна за спречување на можните злоупотреби е соработката со домашните институции.  Експертите за европски фондови тврдат дека во изминатите 17 години, Македонија покажала дека има капцитет да управува со пари од ЕУ. Сметаат дека случајот со Еразмус кој земајва ја задолжи со над 2 милиони евра, е доказ за успешната соработка со Европската канцеларија за борба против измами ОЛАФ.

„Ваквите случаи не се спицифични само за нашата држава. Нормално, секојпат кога ќе одекне таква вест во јавноста, не е најпријатна, но многу често слуачите се јавуваат и како известување  од страна на самите Национални структури и во еден таков случај, перцепцијата на ОЛАФ па и на самата Европска комисија е дека системот функционира“, вели Радица Коцева, Експерт за европски фондови.

Земјава има рок од 45 дена да врати над 2 милиони евра во Европската комисија откако ОЛАФ откри дека парите биле злоуптребени преку програмата Еразмус.. Според Коцева, во изминатиот период се истражувани многу пријави за нерегуларности сотрошењето на европски пари, ама не секогаш тие биле докажани..

Злоупотребата на пари откриена од ОЛАФ била пријавена уште пред четири години, тврди за сител поранешната директорка на националната агенција за европски образовни програми. Поднела и кривични пријави против 23 лица.. Од обвинителството велат дека предметот е во предистрага за која се косителе и наводите на ОЛАФ.