Македонија
5. October 2022 - 16:40

Економскиот совет заврши - Ќе има ли мерки за помош на бизнисот и граѓаните?

Нема конкретна помош за граѓаните и  фирмите. Владата  само ги слушна предлозите на експертите и барањата на бизнисот  како полесно да се преброди кризниот период. Се договориле – за една недела пак да видат. Соочени со високите сметки за струја, бизнис заедницата аларамираше -  ако до денеска нема пакет мерки -  голем дел од компаниите ќе затворат.

Ако  денеска или во најскор можен рок не бидат презентирани кризните мерки, најмалку 20% од фирмите ќе стават клуч на врата.Ние се бориме да го зачуваме секое работно место, изјави Бранко Азески, претседател на Стопанска Комора

-Ние нон стоп апелираме и правиме притисок за да имаме појанса слика во односа на цената на струјата, затоа што не можеме како компании да бидеме ликвидни и да бидеме предвиливи во однос на нашите вработени и цените кои ги произведуваат нашите компании, изјави Неби Хоџа, претседател на Комора на Северозападна македонија  постојано бараме и алармираме дека ни е потребна помош.

Експертите предложиле таргетирана помош само за најранливите категории граѓани и фирми. Како  опција се ваучери за храна и плаќање сметки, проширување на листатат производи со замрзнати маржи, ваучери за купување домашни производи, Растот на цените мора да се спречи,  за да не паднеме во стагфлација

Нас ни се заканува стагфлација. Тоа е забавен економски раст, висока инфлација и пораст на невработеноста. Значи три зла во едно. Мора да се бориме да не дојде до тоа, изјави Таки Фити, академик

Бараме платежни картички за купување домшани производи за најранливите категории граќани, однсно домаќчинстав кои земаат под минимална плата, изјави Дарко Димовски, престедател на ССМ.

Приоритет на државата треба да биде да ја заузада инфлацијата, на сметка на растот на економијата

Поповски Јас лично мислам дека е неопходно да се спречи растот на цените, а ако економијата не расте со очекуваното темпо, тоа ќе се надокнади ако не првиот, вториот квартал. Лошо е ако не може да се заузда инфлацијата, изјави Никола Поповски, универзитетски професор

Од Владата велат  дека ги слушнале  предлозите. Наредниот период ќе анализираат и на некоја од владините седници ќе ги соопштат мерките.