-->
-->
Економскиот факултет во Прилеп одбележа 55 години постоење
-->
Економскиот факултет во Прилеп денеска го одбележа јубилејот 55 години постоење. На одбележувањето беше промовирана и најновата, 55-та генерација дипломци.
Во обраќањето, деканот Ѓорѓи Манчески нагласи дека и по пет и пол децении Прилепскиот економски факултет останува престижна институција во економската наука во земјава и во едукацијата на кадри од економијата, бизнисот, менаџментот, сметководството, ревизијата, маркетингот, информациските технологии.
- Од јадро на интелектуалниот капацитет во овој регион, денеска е респектабилна високообразовна институција чии дипломи се признати секаде во светот. Факултетот е инвестиција на македонската интелектуална авангарда, инвестиција на прилепското стопанство преку директни инвестиции од времето кога се градел. До денеска на Факултетот дипломирале преку 16.000 економисти и околу 60 докторирале на економските науки, рече Манчески.
Според ректорот на битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ Сашо Коруноски, илјадниците дипломирани студенти се доказ дека наставно-научната работа е на високо ниво.
- Постојано иновирајќи ги наставните програми, Факултетот се определува за стручни кадри кои ќе се носат со предизвиците на економијата на микро и макро план, рече Коруноски.
За прилепскиот градоначалник Марјан Ристески е битно и што заедно со Факултетот почна практиката на ангажирање на најдобрите дипломци, особено во стопанските капацитети.
Од 55-тата генерација дипломци кои беа промовирани на прославата, 173 се дипломирани студенти, а 39 магистри.
Во рамки на јубилејот, цел месец се одржуваа серија предавања на гости експерти од земјава и странство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Можно ли е деблокирање на спорот со Бугарија?
-
Муцунски на средба со Рубио
-
Тема на денот со Љупчо Димовски, претседател на СПМ и вицепремиер
-
Андоновски и Перински во работна посета на Естонија
-
Почна судењето за случајот„Адитив“ – ниту еден од обвинетите не чувствува вина
-
Вработени во Општата болница Прилеп осомничени дека украле над 2,2 милиони денари
-
Дали Весна Дамева смеела да гласа за нов претседател на Врховниот суд?
-
Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата Гувернер на НБРМ