Бизнис
15. јуни 2021 - 16:52

Еколошката такса ќе ги поскапи сите горива, целта на Владата е граѓаните да возат велосипеди

Од 1 јули за 3,5 денари  поскапуваат сите горива, а не само дизелот, обелодени премиерот Заев. Целта била да се откажат граѓаните од нафтата и  да се возат со  велосипед,  тротинет  или електричен автомобил. Иако беше најавено дека еколошкиот данок ќе важи само за дизел горивата и ќе се воведе по консултации со засегнатите, премиерот открива – сите ќе плаќаат поскапо, затоа што иднината е во обновливите извори на енергија.  

Ќе следи ли бран поскапувања по воведување на Еколошката такса? Според експертите  – може, но и не мора. Горивата се инпут во сите производи, почнувајќи од основните. Но трговците  можат да ги оптимизираат трошоците и на друг начин, а не само да ги зголемат цените на производите. Еколошки данок има секаде во светот, и време е поодговорно да се однесуваат сите граѓани, вели ректорот на факултетот на Југоситочна Европа, Беџети.

За да се намали ценовниот удар врз граѓаните од неминовното поскапување ан струјата, премиерот најави и намалување на ДДВ вос метките од 18 на 5%. Овие ставки ќе важат до јули наредната година, по што ќе се зголеми на 10  и по 2023 ќе се врати на 18%.

Воведувањето нов данок не го оправдува опозициската ВМРО ДПМНЕ.

. Според нив – еколошкиот данок ќе предизвика директен ценовен шок и нов бран на поскапувања на сите производи, за и онака презадолжените граѓани кои тонат во долгови да им стане живеачката уште поскапа.

 Се она што Заев ќе го вети пред граѓаните е една голема лага, повеќе од јасно е дека тонеме во долгови, па сега власта очекува граѓаните да ги платат лошите економски политики на оваа неуспешна Влада, реагираат од опозицијата