Македонија
2. December 2022 - 16:30

Еко активистите предупредуваат, стратегија за енергетска криза за спас од загадувањето

Начинот на кој владата и државните компании во моментов се справуваат со енергетската криза не враќа децении наназад, порачува граѓанскиот сектор. Доколку термоелектраните продолжат да работат како досега без филтри, а топланите во Скопје се префрлат на дизел и граѓаните користат најевтини енергенси за загревање, зимава ке имаме рекодно аерозагадување, алармираат од еко свест.  Време е стратегијата за обновлива енергија да почне да се спроведува, инвестициите да се насочат на прави места и тоа да биде транспарентно, порачуваат активистите.

Податоците на ЕУ за загадувањето во нашиот регион се поразителни, десетици илјади страдаат од хронични алергии, астма, кардиоваскуларни заболувања.

Иако Македонија е потписник на договорот со енергетската заедница за намалување на емисиите од индустријата, количината на загадувачки супстанци во воздухот постојано се зголемува од година во година.