Македонија
11. April 2024 - 12:28

Еко акција на здруженијата за глуви

Здруженија на глуви и наглуви од земјава и странство здружени во еко акција го раззеленија паркот и брегот на Охридското Езеро кај  Далјан. Големиот број млади садници ќе го збогатат зеленилото во паркот кој пред четириесеттина години го создале Здруженијата на глуви и наглуви а целта е како што велат подигнување на јавната свест и развој на капацитетите за заштита на животната средина.

Во рамките на проектот има и обуки и предавања за лицата со попречености.

Акцијата е дел од проектот Инклузивна екологија, под мотото „Да оставиме зелена трага”. Инаку најголемиот дел од глувите лица во Охрид  се самостојни и вработени, најчесто од свои 18 години работат  во заштитни друштва.