ЕК предлага визна либерализација и за Србите од Косово
Европската комисија испрати до Европскиот парламент и до Советот на министри на ЕУ амандман на предлогот за либерализација на визите за ЕУ за жителите на Косово, со кој ќе им се овозможи и на граѓаните со српски пасоши во Косово да патуваат во Шенген зоната, јави српската новинска агенција БЕТА.
ЕУ без визи од 1 јануари, изјави денеска неименуван претставник ЕК.
Тој додаде дека ЕК предложила „либерализацијата на визниот режим на ЕУ да ги вклучи сите граѓани на Западен Балкан, што ќе им овозможи на Србите од Косово кои имаат српски пасоши да патуваат без визи на територијата на ЕУ“.
Портпаролот на ЕК додаде дека за ова сега треба да се изјаснат и ЕП и Советот на ЕУ и оти треба да се дополни предлогот за воведување визна либерализација на ЕУ за жителите на Косово од јануари 2024 година.
Ново на Сител
-
5те базени што ги гради државата ќе бидат готови до крајот на летото
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Кртови кои ги издаваат полициските акции ќе има уште кратко и сите ќе одговараат
-
Мицкоски очекува Ахмети да биде повикан на распит за да каже каде е Груби
-
Реновиран дел од Клиниката за психијатрија
-
Земјоделците ја поздравија исплатата на заостанатите субвенции
-
Преглед на вестите од светот
-
Ахмети: Груби не е во бегство, но нема да се појави пред одмаздничка правда