ЕК: Не го сменивме ставот за Каталонија по најавата на Рахој
Европската комисија соопшти денеска дека не го сменила ставот за Каталонија откако шпанскиот премиер Мариано Рахој изјави дека ќе ги активира посебните уставни овластувања, со цел да се распушти регионалната влада и да се распишат вонредни избори.
- Нашиот став е добро познат. Секогаш зборувавме дека го почитуваме уставното и правното уредување на Шпанија, истакна портпарол на ЕК.
Според него, преземените мерки „треба да се согледаат токму во тој уставен контекст“.
Претходно денеска, портпаролот на каталонското Министерство за надворешни работи, Раул Ромева нагласи дека „довербата кон ЕУ ќе се намали доколку дозволи Мадрид да наложи директно управување со Каталонија“. Според него, единствено Каталонците имаат право да ги сменат регионалните институции.
Шпанскиот премиер Мариано Рахој пред два дена изјави дека Владата донела одлука за преземање контрола врз каталонскиот Парламент и администрацијата, а на 27 октомври предлогот ќе биде ставен на гласање во парламентот во Мадрид.
Ново на Сител
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време