ЕК бара решение за германскиот граничен режим
Европска комисија му предаде писмо на германскиот амбасадор во Брисел, Михаел Клаус, во кое бара решение за режимот за влез во Германија од Чешка, Словачка и од австриската покраина Тирол.
Веруваме дека разбирливата цел на Германија, заштитата на јавното здравје во време на пандемија, може да биде постигната со помали рестриктивни мерки, се наведува во писмото на ЕК.
Во писмото се посочува и дека ЕК очекува одговор од германските власти во следните десет работни дена. Германија неодамна воведе гранични контроли поради појавата на нов вид на Ковид-19 во Тирол и влошената епидемиолошка ситуација во Чешка.
Германскиот весник Билд вчера објави минатата недела биле проверени 104.178 луѓе, при што 15.877 лица биле вратени од граница.
Слични писма досега добија и Белгија, Унгарија, Данска, Шведска и Финска.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација