ЕК бара решение за германскиот граничен режим
Европска комисија му предаде писмо на германскиот амбасадор во Брисел, Михаел Клаус, во кое бара решение за режимот за влез во Германија од Чешка, Словачка и од австриската покраина Тирол.
Веруваме дека разбирливата цел на Германија, заштитата на јавното здравје во време на пандемија, може да биде постигната со помали рестриктивни мерки, се наведува во писмото на ЕК.
Во писмото се посочува и дека ЕК очекува одговор од германските власти во следните десет работни дена. Германија неодамна воведе гранични контроли поради појавата на нов вид на Ковид-19 во Тирол и влошената епидемиолошка ситуација во Чешка.
Германскиот весник Билд вчера објави минатата недела биле проверени 104.178 луѓе, при што 15.877 лица биле вратени од граница.
Слични писма досега добија и Белгија, Унгарија, Данска, Шведска и Финска.
Ново на Сител
-
Филипче: И нудиме на опозицијата целосна контрола врз процесот за изградба на Клинички, опструкциите да престанат
-
Подароци за жените учеснички во сообраќајот по повод 8 Март
-
Мисајловски: Пактови со мафија нема, прво ќе ве поразиме, а потоа ќе следува одговорност
-
Приведен сопственик на угостителски објект во Гостивар, работел по дозволеното време
-
Поранешни војници со наполнети 45 години бараат решавање на нивниот статус во најбрз рок
-
Милевски за широка Влада: Ако сакаат нека се земат, ние на таква свадба не одиме
-
57 санкционирани возачи во Скопје, 20 за возење под дејство на алкохол
-
Во тетовско Вешала во пожар изгореа куќа и плевна, нема повредени