Балкан
25. March 2016 - 9:16

Ејде: Претстои уникатна шанса за решавање на кипарското прашање

Претстои уникатна шанса за решавање на кипарското прашање, изјави специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите нации за Кипар, Еспен Барт Еиде на средбата меѓу претставници на кипарските Грци и кипарските Турци, која се одржа во Никозија.

- Решавањето на кипарското прашање ќе донесе пари и инвестиции на островот, додаде Еиде.

Претставникот на Бан Ки-мун нагласи дека еден обединет Кипар ќе создаде значителни можности за развој, за отварање работни места, за просперитет.

Тој додаде дека решението на проблемот ќе произлезе од инвестициите, кои ќе бидат реализирани на островот, при неговото повторно обединување.