ЕХФ со десет причини зошто Вардар пак ќе биде европски шампион!
На само пет дена до стартот на финалниот викенд Европската куќа на ракометот излезе со текст и ги најави десетте причини поради кои ќе Вардар би можел го повтори успехот од 2017 година, кога за првпат во историјата се искачи на кровот на ова натпреварување.
1. Форматот – Заради учеството во СЕХА лигата, Вардар собра огромно искуство од играње завршни турнири и знеа како да се справи со притисокот на двата најважни натпревари во сезоната. Вардар пет пати ја освои СЕХА лигата, повеќе од кој било друг тим во ова натпреварување.
2. Тимур Дибиров – левото крило кое никогаш не старее. Рускиот ас и оваа сезона е едно од најефикасните оружја на Вардар. „Господин контра-напад“, знае често да украде во одбраната, а го поседува и најширокиот спектар на спин-удари кон противничкиот гол.
3. Знакот – последните секунди од полуфиналето против Барселона од пред две сезони сè уште се свежи... Сега, противник на Вардар во полуфиналето пак ќе биде Барселона.
4. Наследството на „Ел команданте“ – со заминувањето на Раул Гонзалез, Вардар се раздели со голем број на ракометари, но популарниот „Ел команданте“ и понатаму е базата на екипата, над која се надоградува успехот. Шпанецот со својот ПСЖ нема да се натпреварува во Келн, а Вардар ќе се обиде да го освои трофејот и за својот поранешен тренер.
5. Стојанче Стоилов – силниот кружен напаѓач е повеќе од капитен. Тој е лидер, тој не се предава, тој е мотиватор и силата на тимот. Дури и кога нема повеќе да игра еден ден, тој и натаму ќе го носи вардаровиот дрес.
6. Тренерот – Роберто Гарсија Парондо како да има магични раце. Со заминувањето на првите-ѕвезди, тој формира еден нов тим. Шпанскиот стил на Гонзалез комбиниран со нови црти во нападот и среќната „рака“ со потпишувањето на Скубе и Дејан Милосављев.
7. Дејан Милосављев – голманот е клучот за успехот. За среќа Вардар без страв може да смета на еден – Дејан Милосављев. Србинот го замени Арпад Штербик и е вистински број еден. Келн ќе биде најголемата сцена на која настапил досега во кариерата.
8. Домашните фанови – во 2017 година целата земја стоеше зад нив и го славеше историскиот спортски успех. Сигурно ниту еден играч од тимот од 2017 не може да ја заборави таа парада која беше приредена во Скопје. Тогаш од Келн се вратија како вистински херои. Токму заради националната еуфорија која може да ја предизвикаат, играчите ќе имаат екстра енергија и мотив.
9. Игор Карачиќ – играчот кој изминатава сезона беше еден од најдобрите ракометари на Вардар, сигурно ќе сака да се збогува со титула. Неговите асистенции и голови го визираа патот до Келн, а најголемите потези на наследникот на Циндриќ се очекуваат.
10. Неизвесната иднина – Сигурно дека приказната за Вардар ќе продолжи, но дали „црвено-црните“ повторно ќе имаат шанса да стигнат во Келн? Никој не знае. Можеби ова да биде нивната последна забава на големата сцена. Нема поголем мотив од овој за Стоилов и соиграчите.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Делчев не беше само водач, туку и инспирација за сите генерации кои се борат за правда и иднина на Македонија
-
СИЕПС: Приемот на нови членки ќе го промени односот на силите во ЕУ
-
Мицкоски: Славата и делото на Гоце Делчев продолжуваат да живеат
-
И месарниците под лупа на инспекторите на АХВ
-
Четириесет и пет години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Почнува одбележувањето на Денот на Европа - 9 мај
-
Зеленски: Украина е подготвена да премине кон прекин на огнот што е можно поскоро доколку Русија преземе слични чекори
-
Најавените врнежи добредојдени за земјоделството