Ефективниот притвор за двајца поранешни градоначалници на Кочани заменет со куќен притвор
Мерката „ефективен притвор“ за поранешните градоначалници на Кочани, Ратко Димитриевски и Николчо Илијев е заменета со куќен притвор, а во куќен притвор оди и поранешна директорка на Државниот пазарен инспекторат. Ваква одлука донел Основниот суд во Кочани постапувајќи по жалбите на 17 осомничени за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
На останатите 14 лица одбиени им се жалбите и за нив е потврдена мерката притвор.
Од Обвинителството нагласуваат дека е поднесена жалба пред Апелицискиот суд во Штип на одлуката за двајцата градоначалници за кои се бара враќање на мерката ефективен притвор.
Во притвор останува актуелниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов кој по трагедијата поднесе оставка од функцијата.
Во пожарот што е случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март загинаа 59 лица, а околу 200 повредени се лекуваат во болниците во земјава и странство.
Ново на Сител
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
-
Курти поднесе оставка