Ефективниот притвор за двајца поранешни градоначалници на Кочани заменет со куќен притвор
Мерката „ефективен притвор“ за поранешните градоначалници на Кочани, Ратко Димитриевски и Николчо Илијев е заменета со куќен притвор, а во куќен притвор оди и поранешна директорка на Државниот пазарен инспекторат. Ваква одлука донел Основниот суд во Кочани постапувајќи по жалбите на 17 осомничени за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
На останатите 14 лица одбиени им се жалбите и за нив е потврдена мерката притвор.
Од Обвинителството нагласуваат дека е поднесена жалба пред Апелицискиот суд во Штип на одлуката за двајцата градоначалници за кои се бара враќање на мерката ефективен притвор.
Во притвор останува актуелниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов кој по трагедијата поднесе оставка од функцијата.
Во пожарот што е случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март загинаа 59 лица, а околу 200 повредени се лекуваат во болниците во земјава и странство.
Ново на Сител
-
Приведен 21-годишен кумановец, возел со 1,52 промили алкохол во крвта
-
Хуманитарна изложба на кучиња во Белград, парите одат за семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
-
Премиерот Мицкоски упати честитка по повод празникот Рамазан Бајрам
-
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан Бајрам
-
Во земјотресот во Мјанмар, кој беше почувствуван во Тајланд, во Бангкок загинаа 18 лица
-
Вулин: Блокадите во Србија ќе завршат во следните месец дена
-
Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд