Едукативна трибина „Вози одговорно, животот е во твои раце“ во Струмица
Во организација на општинскиот и Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, а во соработка со Црвен Крст, Младински Совет и во присуство на ученици од основните и средните општински училишта, во Струмица синоќа се одржа едукативна трибина од областа на сообраќајната култура.
Учесниците се запознаа со видовите повреди кои настануваат како последица од несовесното однесување на патиштата, како и со најчестата причина која што го загрозува животот и здравјето на младите лица.
Од лично искуство зборуваше лице во инвалидска количка за здобиената телесна повреда во сообраќајка поради недозволена брзина. Учениците ги пробаа и т.н „пијани очила“, кои даваат илузија на состојба на пијанство или користење дроги.
- Јавната свест е мошне важен фактор за подобрување на безбедноста во сообраќајот, меѓутоа без едукација во таа област не би бимало никаков ефект. Едукативните трибини и постојаното информирање на граѓаните, се сметаат за добар пристап за намалување на сообраќајките, рече Љупчо Ставревски, член на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.
Пред учениците, предавачите ги презентираа и законските одредби кои ја регулираат материјата за одговорното и безбедно однесување во сообраќајот на сите учесници, а посебно на младите возачи.
Ново на Сител
-
Бискупот Стојанов му го честита 25 годишниот јубилеј на Неговото блаженство г.г. Стефан
-
Мајка и ќерка пронајдени мртви во нивниот дом во Слатино, таткото и синот пренесени во болница
-
Ужас во Скопје: Роднина соблекувал малолетно девојче, па се самозадоволувал пред неа
-
Домашен миленик настрада од улични кучиња
-
Објавен извештајот за починатото 14-месечно бебе, еве ги деталите
-
Следува продолжен викенд: 11-ти Октомври неработен ден за сите граѓани на Македонија
-
Во изминатите четири дена во Грција биле откриени и спасени над 580 бегалци и мигранти
-
Доброволното противпожарно друштво – Кочани доби опрема како донација од Италија