ЕДС: Немаме земено ниту денар од УЈП, ВМРО-ДПМНЕ покажува несериозност со веќе демантирана вест
ЕДС веќе се произнесе во врска со искажаните невистини и е повеќе од смешно и крајно несериозно што политичка партија држи прес конференција за веќе демантирана информација.
Нашиот став ќе го повториме уште еднаш – ЕДС нема земено ниту еден денар од УЈП по основ на наплата на каков било долг во однос на ФЕНИ. ЕДС никогаш не ја реализира наплатата во споменуваниот договор и не се пријави во редот на разлачни доверители во предстечајната постапка на ФЕНИ Индустри. Ние како компанија, во стечајната постапка се пријавивме како секој обичен доверител и бевме третирани како и сите останати обични доверители.
Како што претходно кажавме заради изнесени лаги и неосновани наводи, во врска со нашата компанија, ЕДС преку своите правни застапници ги презема и ќе ги преземе сите правни механизми вклучувајќи и судска заштита во насока на зачувување на угледот и честа на компанијата.
Ново на Сител
-
Уапсени 28 лица за продажба на дрога
-
Кој ги “саботира” хируршките клиники?
-
Од денеска полесно до работа во Германија
-
Масовната урбанизација го менува ликот на Охрид
-
Штипјани во хумана акција за прибирање 70 000 евра за лекување на медицинската сестра Сибил Омерова
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП