Македонија
28. May 2021 - 12:32

Едриличарите од Охрид бараат услови за развој на спортот

Едриличарите од Охрид бараат сидришта за закотвување на своите пловила.Тие се жалат дека немаат простор каде да ги чуваат едрилиците а дополнителен проблем претставуваат и пристаништата кои треба да се  реновираат особено во  Радожда, Трпејца и Свети Наум за полесен пристап и пловидба на едрилиците по Охридското езеро.

Ентузијазмот и желбата за совладување на оваа древна вештина е голем ,но за жал услови за развој на овој спорт кај нас нема велат едриличарите. Тие  бараат едрилиците да добијат соодветен третман, како еколошки пловила.

Постарите едриличари посочуваат дека во четириесетите години од минатиот век Охрид бил град на едрилици а првите  импровизирани кајчиња на кои било поставено платно за прв пат запловиле по Охридското езеро во далечната 1937 година.