Едрениково ќе добие систем за фекална канализација
Населеното место Едрениково во општина Василево ќе добие систем за фекална канализација, информира градоначалникот Ванчо Стојанов. Тој вчера, заедно со надлежните од локалните институции се сретнал со проектниот тим задолжен за изработка на техничката документација за пречистителна станица и канализациска мрежа и разговарале за состојбата и условите на терен каде ќе биде изграден системот и лоцирана станица.
- Активностите продолжија на терен заради увид во фактичката состојба и утврдување на локацијата на лице место. Во периодот што следува ќе биде изготвена комплетната техничка документација по што ќе се започне со негова практична изведба на терен, вели градоначалникот Стојанов.
Овој систем за фекална канализација ќе биде комплетен со можност за приклучување на сите домаќинства.
Инвестицијата е на Швајцарската агенција за развој и соработка обезбедена во рамки на УНДП проектот „Управување со сливот на реката Струмица“ кој го имплементира Центарот за развој на југоисточниот плански регион во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и општините од струмичкиот слив.
Во рамките на истиот проект, проектна документација за пречистителна станица и канализација ќе биде изготвена и за населеното место Седларци, велат од општината.
Ново на Сител
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам
-
Преглед на вестите од светот
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред